Војна за шпанското наследство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Војна за шпанското наследство или Војната за шпанската круна — војна која водела во периодот од 1701 до 1714 г помеѓу повеќето големи европски сили околу обединувањето на кралствата Шпанија и Франција под круната на Бурбонската династија. Од едната страна биле Франција и Шпанија предводени од Луј XIV кој сакал да ја приклучи Шпанија кон Франција, а од другата биле Светото Римско Царство, Британија, Холандија, Савоја, Прусија и Португалија, кои сметале дека сојузот на Франција и Шпанија ќе доведе до целосна доминација на Бурбоните во Европа.
Војна за шпанското наследство | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Во битката во Заливот Бирго, Англичаните и Холанѓаните ја уништиле шпанската флота со богатство, запленувајќи сребро од шпанските колонии вредно околу половина милион фунти]]. |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Светото Римско Царство:
| Кралство Франција Кралството Шпанија |
||||||
Команданти и водачи | |||||||
Евгениј Савојски Маркгроф од Баден | Војводата од Вилар Војвода од Вандом |
||||||
Сила | |||||||
232.000:[1]
| 318.000:[2]
|
Карло II од Шпанија умрел во 1700, и ги оставил сите свои поседи на внукот од својата полусестра Филип, кој така станал Филип V од Шпанија. Но, Филип бил и внук на кралот на Франција Луј XIV, што не им се допаѓало на останатите европски владетели. Покрај тоа, и наследното право на Филип V било спорно, па се појавиле и други европски династии кои полагале наследно право на Шпанската круна. Најпрво царот на Светото Римско Царство Леополд I, сметал дека има право над Шпанија, а потоа и Англија. Другите земји се приклучиле главно за да го спречат ширењето на Франција во времето на Луј XIV, или за да ги заштитат своите колонијални поседи. И самата Шпанија била поделена околу тоа кој треба да ја наследи круната, па започнала граѓанска војна.
Војната се водела главно во Шпанија и во Средна Европа, но и во Северна Америка, помеѓу англиските и шпанските колонисти и војска.
Во текот на војната загинале околу 400.000 луѓе.[4]
Војната завршила со мировните договори од Утрехт (1713) и Раштат (1714). Како резултат, Филип V останал крал на Шпанија, но бил исклучен од Бурбонската наследна лоза, така што бил спречен и трајно оневозможен личниот сојуз помеѓу двете кралства. Австријците добиле најмногу од шпанските територии во Италија и Холандија. Како последица на војната, Француската доминација во Европа завршила, и надвладеала идејата за рамнотежа на силите во меѓународниот поредок.[5]