Гаврил Радомир
Македонски владетел / From Wikipedia, the free encyclopedia
Гаврил Радомир (октомври 1014 - август 1015) — средновековен македонски цар, првороден син на Самоил и Агата. Совладетел и наследник на Самоил. Се истакнува во војната со Византија и му бил десна рака на Самоил. Учествувал во сите поважни битки против Византијците: во Битката кај Ихтиман (Трајановата Порта - 986), Битката кај Сперхеј (996) и Беласичката битка (1014). На двапати го спасил Самоил, извлекувајќи го од бојното поле, по загубените битки кај Сперхеј и кај Беласица. Во Битола имал свои дворци и главна резиденција. На престолот се искачил во 1014 година, по смрта на Самоил. Во 1015 година бил убиен во лов.
Кратки факти Гаврил Радомир, На престол ...
Гаврил Радомир | |
---|---|
Цар на Македонија Неговото височество, император и владетел на Словените[1] | |
Саркофази во базиликата на островот Св. Ахил, за кои се претпоставува дека им припаѓаат на македонските цареви Самуил и Гаврил Радомир и дукљанскиот владетел Јован Владимир | |
На престол | октомври 1014 – август 1015 |
Претходник | Цар Самоил |
Наследник | Јован Владислав |
Починал(а) | 1015 |
Деца | Петар Делјан четири сина |
Династија | Комитопули |
Татко | Самоил |
Мајка | Косара |
Затвори