Средновековна Македонија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Македонскиот народ почнува да се оформува како посебен етникум уште во раното средновековие од два носечки столба: античкото домородно македонско население (Тракијци, Илири, Стари Грци, антички Македонци, и др.), и од Словените, со нивно соединување во еден етнос. Еден од најстарите историски извори за македонските Словени е „Животот на Св. Димитрија Солунски“ од 6-от век, каде македонските словенски племиња се прикажани како имаат свои кнежевства, потчинети на византискиот цар и своја локална самоуправа на чело со жупани. Од истиот извор дознаваме и кои се најголемите словенски племиња - Берзити, Вајонити, Драговити, Ринхини, Сагудати, Смолјани и Струмјани.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Словените го асимилирале домородното население кое живеело на територијата на регионот Македонија. Доказ за тоа е и Солун, градот кој беше најголемо византиско упориште, но целосно словенизиран, каде сите негови жители збореле чисто словенски. Во најстарото „Житие на Св. Методиј“ од 9 век целосно се пренесени зборовите на византискиот цар Михаил III упатени до Светите Браќа Солунски: „...вие сте Солуњани, а сите Солуњани чисто словенски зборуваат” ивизантискиот цар, Константин Порфирогенит вели: „цела Македонија и скоро цел Пелопонез се словенизирани“ (Ibid; p. 86). Историските факти велат дека и цела Елада била словенизирана со исти словенски племиња како и регионот Македонија. Само во источна Грција (Хелас) останале џепови со автохтоно грчко-ромејско население (1). Не само Елада, туку и Епир и Тесалија во 8 век биле целосно словенизирани (2). Имаме запис дека само Грците од Елада поради аварословенските напади, се иселиле од Елада (Пелопонез) на блиските острови (3).
Веќе во втората деценија 7 век, во Македонија имаме создавање на примитивна државна формација, составена од обединетите македонски склавинии, кои дури имале и свој крал (рекс) Хатсон на чело на државата [1]. За жал, Византијците го убиваат Хацон и македонската држава без водач пропаѓа. Педесет години подоцна, во 70те години од 7 век, македонските склавинии прават нов обид за обединување т.е. форирање на држава; овој пат, крал (рекс) на обединетите македонски склавении е Пребонд, но пак Византија го уништува Пребонда и Македонија потпаѓа под Византиска т.е. Ромејска власт [2]. Во 9 век хрониката на Теофанес Конфесор спомнува посебна држава „Склавиниа“ во периодот 657-658 г. на просторот на етничка Македонија [3]. Тогаш имаме постоење на посебна словенска држава на територијата на Македонија, но во 658 г. византискиот цар Констанс Втори ја уништува Склавинија и пак хрониката на Теофанес Конфесор потоа спомнува само склавинии, но не и држава Склавинија [4].
Македонија е земјата каде што настанале првите букви и книжевни дела на старословенски јазик, јазикот кој стана основа на сите словенски јазици и до ден денешен се служи по православните храмови низ словенските земји, од Македонија па сè до рускиот далечен исток. Од словенската книжнина за Македонија од средниот век, дознаваме многу детали за етникумот кој ја населувал Македонија. Не постои ниту еден Македонец во средниот век кој се декларирал како Бугарин или пак како Србин[се бара извор]. Во “Пофалното Слово за Св. Кирил”, за кое се мисли дека е напишано од самиот Св. Климент, стои дека народот кој ја населувал Македонија е словенски или како што таму стои: „многуплодниот народ словенски“ (Извор: „Пофално Слово за Св. Кирил“, Панонски Легенди од Црноризец Храбар, крај на 9 или почеток на 10 век). Црноризец Храбар во истите Панонски Легенди, во “Житието Методиево” вели дека „сите солунчани чисто словенски зборуваат“. Во Житието на Св. Наум Охридски, напишано по смртта на Св Наум, од перото на анонимен ученик на Св Климент, во 10 век, пак се зборува само за Словени и за никоја друга народност во Македонија.
Македонците во 10 век имале и своја посебна црковна организација, во времето кога Бугарите веќе имаат оформена бугарска канонски призната Црква, и покрај тоа што северна и централна Македонија биле окупирана од бугарската држава. Во Житието на Св. Наум Охридски се зборува за „епископ Словенски“ Марко, четврт епископ на Словените од Девол, што јасно кажува дека средновековните Македонци имале религиска автономија, како посебен етникум во рамките на средновековна Бугарија од 10 век (Извор: „Житието на Св. Наум Охридски“, „Спомен за нашиот преподобен отец Наум“, 10 век, Охрид).
Впрочем, во целата средновековната книжнина од Македонија никогаш не се спомнуваат верски водачи од соседните народи, како бугарските или византиските патријарси, но се спомнуваат само државните водачи на окупаторите на македонската земја[се бара извор], бугарскиот и византискиот цар. Сите средновековни автори од Македонија, обично, своето пишано дело го завршуваат со годината, името на политичкиот и верскиот водач (по духовната традиција се пишува и името на нивниот верскипастир) кога е завршено делото или пак настанот што е опишан; како нивен верски пастир секогаш се опишани охридските словенски епископи[се бара извор].