Генерален пласман на Вуелта а Еспања
список на статии на Викимедија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Генерален пласман на Вуелта а Еспања — првостепен и главен пласман за одредување на победникот на велосипедската трка Вуелта а Еспања. Вуелта а Еспања е годишна друмска велосипедска трка, која била основана во 1935 година од шпанскиот весник Informaciones, а денес претставува една од трите големи трки во велосипедизмот, заедно со Тур де Франс и Џиро д’Италија.[1] Трката е поделена на дневни етапи. Поединечните завршни времиња за секоја етапа се собираат со цел да се одреди крајниот победник во генералниот пласман на крајот на трката. Возачот со најниско вкупно време на крајот на секој ден ја носи водечката маичка; од 2010 година се користи црвена маичка, а претходно била златна.[2]
Црвена маичка | |
Детали за наградата | |
---|---|
Спорт | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Вуелта а Еспања |
Доделена за | најмало вкупно време |
Локално име | Maillot rojo |
Историја | |
Прва награда | 1935 |
Прв победник | Густаф Делор (БЕЛ) |
Најмногу победи | Тони Ромингер (ШВА) Роберто Ерас (ШПА) Алберто Контадор (ШПА) (3 победи) |
Најнов победник | Сајмон Јејтс (ВБР) |
Тони Ромингер, Роберто Ерас и Алберто Контадор имаат најмногу победи на Вуелта, со по три победи секој. Трите последователни победи на Ромингер се исто така рекорд.[3] Шпанските велосипедисти имаат освоени најмногу изданија на Вуелта; 23 велосипедисти имаат освоено 30 изданија на трката. Француските велосипедисти се втори со девет победи, а белгиските возачи се трети со седум победи.[4] Моменталниот првак е Сајмон Јејтс од екипата Мичелтон-Скот, кој ја освоил Вуелта а Еспања 2018.