Голема сипка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Големата сипка (науч. Parus major) е врапчевидна птица од семејството на сипките Paridae. Таа е широко распространета низ Европа, Среден Исток, централна и северна Азија во секакви шумички. Генерално е постојан жител, освен во многу студените зими кога се сели во потопли краишта.
Кратки факти Голема сипка, Заштитен статус ...
Голема сипка | |
---|---|
Мажјак Пеењеⓘ | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчевидни |
Семејство: | Сипки |
Род: | Parus |
Вид: | Голема сипка |
Научен назив | |
Parus major Linnaeus, 1758 | |
Распространетост на подвидовите |
Затвори
Таа е карактеристична птица, со црна глава и врат, бели образи, маслинести горни делови од телото и жолти долни делови. Претежно се храни со инсекти, но зиме јаде речиси сè. Гнезди во дупки од дрвја, но добро е прилагодена во градските средини и прифаќа куќички за птици. Ја има низ градините и парковите, и секаде низ Македонија.