Диомед
From Wikipedia, the free encyclopedia
Диомед (грчки јазик: Διομήδης) (латински јазик Diomếdes) во старогрчката митологија бил син на Тидеј и Дејпила, кој станал крал на Арг, наследувајќи го својот дедо Адраст.[1] Тој е познат по своето учество во тројанската војна, а Хомер во својата „Илијада“ го опишува, (заедно со Ајант), како вториот најдобар ахејски војник по Ахил. Покрај Херакле и Одисеј, Диомед бил најмилиот јунак на Атена. Името на Диомед е сложенка од два грчки збора: Διος = „бог“ и μηδομαι = „мисли“, што би значело „лукав како боговите“ или со „божествена мудрост“.[2]