Днепар (град)
град во Украина / From Wikipedia, the free encyclopedia
Днепар (украински: Дніпро; руски: Днепр), порано Днепропетровск (украински: Дніпропетро́вськ; руски: Днепропетро́вск; од 1926 до 2016) — четврт најголем град во Украина, со околу еден милион жители.[2][3][4][5] Се наоѓа југоисточно од главниот град на Украина Киев, на реката Днепар, во јужниот средиштен дел на земјата. Днепар е административен центар на Днепропетровската област. Наречен е по реката Днепар, која тече низ него.
Днепар Дніпро | |||
---|---|---|---|
Панорама на Днепар | |||
Днепар на картата на Украина | |||
Координати: 48°27′0″N 34°59′0″E | |||
Држава | Украина | ||
Област | Днепропетровска област | ||
Реон | Днепар | ||
Основан | 1776 | ||
Реони | 8 | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Борис Філатов [1] | ||
Површина | |||
• Вкупна | 405 км2 (156 ми2) | ||
Надм. вис. | &10000000000000155000000155 м | ||
Население (2011)[2] | |||
• Вкупно | 1,001,612 | ||
• Густина | 2.486/км2 (6,440/ми2) | ||
Поштенски број | 49000 | ||
Повик. бр. | +380 56(2) | ||
Мреж. место |
Днепар бил познат како Екатеринослав (руски: Екатериносла́в; украински: Катериносла́в) до 1925. Во 1787, од страна на Екатерина Велика, градот бил прогласен за административен центар на новоосвоените територии на империска Русија, вклучувајќи ги и териториите добиени од Османлиската империја по Ќучуккајнарџискиот договор од 1774 година.
Во 1926, градот го добил името Днепропетровск по советскиот револуционер Григориј Петровски. Станал главен индустриски центар во Советска Украина и следователно еден од клучните центри на атомската, воената и вселенската индустрија на поранешниот Советски Сојуз. Бил седиште на Јужмаш, главен проектант и производител за вселенската индустрија и балистички ракети. Поради неговата воена индустрија, Днепар бил затворен град[6] до 1990-тите години. На 19 мај 2016, со одлука на украинската Врховна рада како дел од процесот за Декомунизација на Украина, градот бил реименуван во Днепар (укр. Дніпро).
Во рамките на поширокото градско подрачје, населението се движи од 1.004.000[7] до 1.360.000[8] луѓе.