Дрен
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дрен или обичен дрен (науч. Cornus mas) — вид цветно растение од семејството дренови (Cornaceae), расте во јужна и југоисточна Европа (од Франција до Украина вкл. Македонија), Ерменија, Азербејџан, Грузија, Иран, Турција, Либан и Сирија.
Дрен | |
---|---|
Гранка со дренки | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Ред: | Дреновидни |
Семејство: | Дренови |
Род: | Дрен |
Подрод: | Дрен |
Вид: | Обичен дрен |
Научен назив | |
Cornus mas L. | |
Карта на распространетост |
Ова е средна до голема листопадна грмушка или мало дрво кое достигнува висина од 5–12 м и има темнокафеави гранки и зеленикави ластегарки. Листовите се спротивставени, долги 4–10, а широки 2–4 см, со јајчест до издолжен облик и истакнати жили. Цветот е мал (5–10 мм во пречник) со четири жолти ливчиња, во китки од по 10–25. Цвета уште во зимата, далеку пред појавувањето на првите листови. Плодот (дренката) е долгнавест и црвен, со должина од 2 см и пречник од 1,5 см и има една семка.
Во народната мудрост, дренот е поим за сила здравје поради неговата цврстина и издржливост, па оттука и познатата изрека „здрав како дрен“.