Европска централна банка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Европската централна банка (ЕЦБ) (англиски: European Central Bank, ECB) со седиште во Франкфурт на Мајна, Германија, е централна банка на Еврозоната, која е надлежна за монетарната политика на членките на Европската унија што го употребуваат еврото како валута. ЕЦБ е основана на 1 јуни 1998 година. Европската централна банка (ЕЦБ) е орган на ЕУ и заедно со централните банки на 17 членки на ЕУ го сочинува заедничкиот Европски систем на централни банки (ЕСЦБ). Иако ЕЦБ и ЕСЦБ биле основани со Договорот на ЕУ од 1992 година, тие започнале да работат дури во 1998 (ЕЦБ) и 1999 година (ЕСЦБ) со воведувањето на еврото за безготовински плаќања. ЕЦБ и ЕСЦБ го замениле Европскиот монетарен институт, кој бил воведен во 1994 година врз основа на Европскиот економски и монетарен сојуз.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
| |||
Седиште | Франкфурт, Германија | ||
---|---|---|---|
Координати | 50.1095° СГШ; 8.6740° ИГД / 50.1095; 8.6740 | ||
Основана | 1 јуни 1998 | ||
Претседател | Марио Драги | ||
Централна банка на | |||
Валута | евро EUR (ISO 4217) | ||
Резерви | 526 млрд. евра вкупно
| ||
Каматна стапка | 0,75% | ||
Interest on reserves | 0% | ||
Претходник | 17 национални банки
| ||
Мрежно место | www.ecb.europa.eu |
Капиталот на банката е во сопственост на централните банки на сите 27 членки на ЕУ. Банката е основана со Договорот од Амстердам во 1998 година, и е со седиште во Франкфурт, Германија. Актуелниот претседател на Европската централна банка е Марио Драги, поранешен гувернер на Банката на Италија кој го замени Жан-Клод Трише.