Естонија
држава во Источна Европа / From Wikipedia, the free encyclopedia
Република Естонија (естонски: Eesti Vabariik) или само Естонија (Eesti) — држава во Источна Европа. Естонија се граничи со Латвија на југ, со Русија на исток, додека на север излегува на Финскиот Залив, а на запад излегува на Балтичкото Море.[6] Вкупната површина на Естонија изнесува 45.227 км2 каде живеат околу 1,3 милиони жители. Главен и најголем град во државата е Талин, додека службен јазик е естонскиот.
Република Естонија Eesti Vabariik (естонски)
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна:
|
||||||
Местоположбата на Естонија (green) – на Европскиот континент (светлозелено и сива) |
||||||
Главен град | Талин 59°25′N 24°45′E | |||||
Најголем град | главниот град | |||||
Службен јазик | естонски | |||||
Народности | 68,7 % Естонци 25,6 % Руси 5,7 % останати[1] |
|||||
Демоним | Естонци
(Естонец/Естонка) |
|||||
Уредување | Парламентарна република | |||||
• | Претседател | Керсти Каљулаид | ||||
• | Премиер | Каја Калас | ||||
Независност | Руска Империја | |||||
• | Автономија | 12 април 1917 | ||||
• | Објавена независност официјално признена |
24 февруари 1918 2 февруари 1920 |
||||
• | Прва советска окупација | 1940–1941 | ||||
• | Германска окупација | 1941–1944 | ||||
• | Втора советска окупација | 1944–1991 | ||||
• | Втора независност | 20 август 1991 | ||||
пристапила во ЕУ | 1 мај 2004 | |||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 43,432 км2 (132-ра) | ||||
• | Вода (%) | 4.45% | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2010 г. | 1.360.000[2] (151-ва) | ||||
• | Попис 2000 | 1.370.052[3] | ||||
• | Густина | 29 жит/км2 (173-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2009 г. | |||||
• | Вкупен | $24.004 милијарди[4] | ||||
• | По жител | $17.908[4] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2009 г. | |||||
• | Вкупно | $19.123 милијарди[4] | ||||
• | По жител | $14.266[4] | ||||
Џиниев коеф. (2005) | 34 среден |
|||||
ИЧР (2013) | ▬ 0.840[5] многу висок · 33та |
|||||
Валута | Euro (EUR ) |
|||||
Часовен појас | EET (UTC+2) | |||||
• | (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .ee | |||||
Повик. бр. | +372 |
Населувањето на денешната територија на Естонија започнала уште во 8500 п.н.е. Низ историјата, Естонците биле под владеење на околните силни држави, како на пример Шведска, Русија или Данска. Странската власт во Естонија започнала уште во 1227 година. Одреден период територијата била под владеење на Германија и Данска, додека во 1500-те години Естонија била под шведска управа. Од 1710 година територијата била под руска управа, следена од советско владеење за да на 20 август 1991 година Естонија се стекне со својата целосна независност. Од 1 мај 2004 година Естонија е дел од Европската Унија.