Естонски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Естонскиот јазик (Естонски: eesti keel) се говори од околу 1,1 милион луѓе, од кои најмногу живеат во североисточно Европската држава Естонија.
Естонски јазик (eesti keel) | |
---|---|
Се говори во: | Естонија |
Реон: | Североисточна Европа |
Општ број на говорници: | 1,1 милион |
Ранглиста: | По 100-та позиција |
Класификација: | Уралски Угро-Фински |
Официјална положба | |
службен јазик: | Естонија, Европска Унија |
Контролиран од: | --- |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | et |
ISO 639-2 | est |
SIL | EST |
Естонски јазик | |
Писмо | латиница |
Пример | Прв член од „Декларацијата за човекови права“ |
Текст | Kõik inimesed sünnivad vabadena ja võrdsetena oma väärikuselt ja õigustelt. Neile on antud mõistus ja südametunnistus ja nende suhtumist üksteisesse peab kandma vendluse vaim. |
Македонски | Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност. |
Портал: Јазици |
Естонскиот јазик припаѓа на финскиот огранок од Угро-Финските јазици. Тој не е поврзан со неговиот јужен соседен јазик латвијски јазик, кој е Балтички јазик сроден со литванскиот. Естонскиот е сроден со финскиот јазик и не толку со унгарскиот. Една од одделните одлики на естонскиот е таа што тој го има она што традиционално се гледа како три степени на фонемска должина: кратка, долга и предолга. Практично, разликата меѓу долгата и предолгата фонемска должина е како акцентот на слогот (со висина на тонот), така и траењето. Долгите и предолгите самогласки не се разграничени во пишаниот естонски јазик, но согласките се јавуваат во пишувањето со три "степени": b,d,g; p,t,k и pp;tt;kk (сите незвучни согласки).