Елвира Набиулина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Елвира Сахипзадовна Набиулина (руски: Эльвира Сахипзадовна Набиуллина; башкирски: Нәбиуллина Эльвира Сәхипзада ҡыҙы; р. 29 октомври 1963) — руски економист и раководител (претседател) на Централната банка на Руската Федрација. Служела како советник за економски работи на претседателот Владимир Путин од мајк 2012 до јуни 2013 г.[1] откако претходно била на функцијата Министерка за економски развој и трговија од септември 2007 до мај 2012 г.[2]
Елвира Набиулина | |
---|---|
Претседател на Централната банка на Руската Федерација | |
На должноста | |
Стапил 24 јуни 2013 | |
Премиер | Димитриј Медведев |
Претходник | Сергеј Игнатјев |
Лични податоци | |
Роден(а) | 29 октомври 1963(1963-10-29) (60 г.) Уфа, Башкирска АССР, РСФСР, СССР |
Партија | Единствена Русија |
Установа | Московски државен универзитет |
Дипломирала на Економскиот факултет при Московскиот државен универзитет во 1986 г..[3]. Во периодот од 1991 до 1994 година работела во Руската унија за индустријалци и претприемачи.[3]. Во текот на 1994 година се преселила да работи во Министерството за економски развој и трговија, достигнувајќи го нивото на заменик-министер во 1997 година. Во 1998 година ја напуштила службата и започнала да работи во една тинк-тенк организација за стратешки развој.[3]. Во 2000 година повторно се вратила во министерството. Во периодот од 2003 до 2007 таа раководела со Центарот за стратегиски развој.
Во септември 2007 година станала Министер за економски развој и трговија. На 21 мај 2012 г. на функцијата доаѓа Андреј Белоусов.[2] Во 2012 г. била една од шесте виши функционери кои на новата влада по враќањето на Путин.
Во 2013 г. е назначена за раководител на Централната банка на Руската Федрација и така станала првата Русинка во Г8.[4] Во мај 2014 г. спсанието „Forbes“ ја прогласило за една од најмоќните жени во Русија, „со тешката задача да се справува со курсот на рубљата за време на Кримската криза, и притоа да овозможи пораст на економијата во обид да се избегне рецесија".[4]
Во текот на 2014 г. рубљата бележела драстичен пад во курсот, кој Набиулина го решила со нагло и значајно зголемување на каматните стапки.[5]