Жунињо Пернамбукано
From Wikipedia, the free encyclopedia
Антонио Аугусто Рибеиро Реис Жуниор (роден 30 јануари 1975), попознат како Жунињо или Жунињо Пернамбукано,[1] е поранешен бразилски фудбалер, играч од средниот ред. Моментално работи како фудбалски коментатор за бразилската спортска мрежа Реде Глобо.[2]
Жунињо Пернамбукано | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 30 јануари 1975(1975-01-30) (49 г.) | ||
Роден во | Ресифе, Бразил | ||
Држава | Бразил | ||
Висина | &100000000000001780000001,78 м | ||
Играчки податоци | |||
Позиција | среден ред | ||
Повлекување | 30 јануари 2014 (39 години) | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1993-1994 | Спорт Ресифе | 24 | (2) |
1995-2001 | Васко да Гама | 111 | (26) |
2001-2009 | Олимпик Лион | 248 | (75) |
2009-2011 | Ал-Гарафа | 40 | (15) |
2011-2012 | Васко да Гама | 50 | (11) |
2013 | Њујорк Ред Булс | 13 | (0) |
2013 | Васко да Гама | 21 | (2) |
Репрезентација ‡ | |||
1999-2006 | Бразил | 40 | (6) |
† Учества (Голови). |
Во својте играчи фудбалски денови Жунињо бил познат како специјалист за умртвување на топката и се сметал за еден од најголемите мајстори за изведување на слободните удари.[3][4] Со вкупно 77 постигнати гола од слободни удари во кариерата, тој го држи рекордот на сите времиња во оваа категорија.
Својата кариера Жунињо ја започнал во Спорт Ресифе во Бразил, а потоа играл и шест години за Васко де Гама пред да дојде во францускиот Олимпик Лион каде играл осум години и станал легенда на клубот. Тој му помогнал на Лион да освои 7 последователни титули во Лига 1, постигнувајќи точно 100 гола на 350 официјални натпревари за клубот.[5] По неговото заминување од Франција во 2009 година, Жунињо играл во Ал-Гарафа од Катар, во Њујорк Ред Булс во МЛС лигата и повторно во Васко да Гама каде се пензинорал во 2013 година.
За бразилската репрезентација Жунињо постигнал шест гола во 40 натпревари, а од репрезентативниот фудбал се повлекол по Светското првенство 2006.