ФК Олимпик Лион
From Wikipedia, the free encyclopedia
Олимпик Лион е француски фудбалски клуб со седиште во градот Лион, Оверњ-Рона-Алпи. Моментално се натпреварува во Лига 1, највисокото ниво на францускиот фудбал.
Олимпик Лион | |||
---|---|---|---|
Целосно име | Олимпик Лион | ||
Прекар | Les Gones (Деца) | ||
Основан | 3 август 1950; пред 73 години (1950-08-03)[1] | ||
Стадион | Парк Олимпик Лион | ||
Капацитет | 59,186[2] | ||
Претседател | Жан-Мишел Олас | ||
Менаџер | Руди Гарсија | ||
Лига | Лига 1 | ||
2021/22 | Лига 1, 8-ми | ||
Мреж. место | Официјално мрежно место | ||
| |||
Тековна сезона |
Клубот бил основан во 1899 година, под името Лион Олимпик Университер, а како професионален фудбалски клуб делува од 1950 година.[3] Својте најголеми успеси клубот ги забележал во 21 век. Во 2002 година, клубот ја освоил својата прва титула Шампион на Франција, започнувајќи ја серијата од 7 национални титули по ред со која поставиле рекорд во францускиот фудбал. Покрај тоа Лион има освоено и 8 Суперкупа на Франција, 5 Купа на Франција и 3 титули во втората лига позната како Лига 2. На меѓународната фудбалска сцена, Лион има триумфирано во Интертото купот во 1997 година, а исто така двапати биле полуфиналисти на УЕФА Лигата на шампионите (2009-2010, 2019-2020, во двата случаја елиминирани од Бајерн Минхен), и по еднаш испаѓале во истата фаза во Лигата на Европа (2016-2017) и Купот на победниците на куповите (1963-1964). Клубот своевремено бил член на Г-14 групата на европски клубови.
Домашните бои на клубот се бела, црвена и сина. Својте домашни натпревари, Лион ги игра на Парк Олимпик Лион, кој има капацитет од 59,186 седечки места. Тој е еден од најсилно поддржуваните клубови во земјата заедно со Париз Сен Жермен и Олимпик Марсеј. Прекар на клубот е Les Gones што значи "децата".