Задачите на Херакле
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дванаесетте задачи на Херакле или додекатлон (грчки: δωδέκαθλον, dodekathlon) се серија настани што се однесуваат на покајанието на Херакле, најголемиот од сите грчки херои, чие име подоцна било романизирано во Херкулес. Тие подоцна биле поврзани во континуирано раскажување. Воспоставувањето на определен циклус од дванаесет задачи било припишано на Грците во еден еп кој денес е изгубен, а е напишан од Пеисандер и потекнува од 600 г. п.н.е.[1]