Епика
From Wikipedia, the free encyclopedia
Епика (од старогрчката придавка ἐπικός (епикос), од ἔπος (епос) „збор, говор, приказна“[1]) е еден од трите рода во уметничката литература, кој опфаќа дела во стих и во проза, во кои вообичаено се раскажува за херојски подвизи или настани значајни за одредена култура или нација.[2] Во поглед на традиционалната теорија на литературата под поимот епика се подразбирале раскажувачки дела само во стихови, како што се епските песни, односно поемите и епопеиите[3], но современата теорија на литература подразбира и прозни дела со раскажувачки карактер како роман, расказ, новела и сл.[3]
Книжевност |
---|
Основни облици |
Родови |
Епика · Лирика · Драма |
Извори |
Форми |
Историја и списоци |
Општ преглед на книжевноста |
Дискусија |
Епиката се смета за раскажувачка, претставувачка, односно миметична уметност. Со други зборови, едно книжевно дело се смета за епско доколку постои раскажување, односно нарација, раскажува или раскажувач и ликови кои ги градат дејствијата односно сижето и фабулата.[4] Изразите „епска широчина“ и „епска композиција“ заедно со објективноста во раскажувањето се три најбитни белези на едно епско дело. Користењето сижејни методи, како ретроспекции, заедно со деталните описи на ликовите и настаните го прават делото обемно, односно ја градат неговата „епска широчина“; развојот на дејството по етапи, од друга страна ја означува „композицијата“ на делото.[3][4]