Историја на книжевноста
From Wikipedia, the free encyclopedia
Историја на книжевноста или историја на литературата го проследува развитокот на литературата и литературните процеси во контекст на цивилизацискиот развој на човештвото.[1] Настојува да прибере што повеќе податоци за литературните состојби на определен период, има научноистражувачки карактер, во постојана потрага е на нови текстови од архивската граѓа, кои би придонеле за расветлувањето на дадениот период. Оваа наука настојува да ги протолкува сложените врски и односи на литературата и општеството. Може да биде фкусирана на различни подрачја: историја на оддела (национална) литература, споредбена (компаративна) литература и општа (светска) историја на литературата.
Книжевност |
---|
Основни облици |
Родови |
Епика · Лирика · Драма |
Извори |
Форми |
Историја и списоци |
Општ преглед на книжевноста |
Дискусија |