Иразу (вулкан)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Иразу (шпански:Volcán Irazú) — активен вулкан кој се наоѓа во Костарика, во близина на градот Картаго. Во Костарика вулканот е познат под името „Ел Колосо“ поради катастрофите што ги предизвикал во минатото.
Иразу | |
---|---|
Кратерот на Иразу | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 3432 м [1] |
Координати | 9°58′45″N 83°51′09″W [1] |
Географија | |
Геологија | |
Вид | сложен вулкан стратовулкан |
Последен избув | декември 1994[1] |
Самиот врв на вулканите има неколку кратери, од кои во едниот се наоѓа Диего де ла Хаја, зелено кратерско езеро со варијабилна длабочина. Со 11.260 стапки (3.432 метри), вулканот Иразу е највисок активен вулкан во Костарика[2]. До вулканот лесно може да се пристигне од Сан Хосе, преку патот кој води до кратерите на врвот и неделниот автобуски превоз до врвот. Иразу е популарно туристичко место. На врвот на вулканот, исто така, се сместени неколку телевизиски предаватели за телевизиски станици во Сан Хосе.
Од врвот е можно да се видат и Атлантскиот и Тихиот Океан кога небото е чисто[3]. Сепак, таквите јасни денови се ретки, а врвот на вулканот обично е покриен со облаци.
Вулканот е дел од Националниот парк Иразу, кој се протега низ 5,705 хектари. Националниот парк содржи основни и средни планински шуми и е дом на армадилоси, бувови, зајци, лисици, глувци и колибри[4].