Стратовулкан
From Wikipedia, the free encyclopedia
Стратовулкан, познат и како композитен вулкан,[1] — конусен вулкан изграден од многу слоеви на стврдната магма, тефра, пловец и вулканска пепел. За разлика од штитестите вулкани, стратовулканите се одликуваат стрмен изглед и периодични експлозивни избуви и изливни избуви, иако некои од нив имаат урушени кратери наречени казанлоци. Лавата која истекува од стратовулканите вообичаено се изладува и стврднува набргу по изливањето поради големата вискозност. Магмата која истекува претежно е киселиозни, поседувајќи високи до средни нивоа на силициум (како во риолитот, дацитот или андезитот), со помали количества на помалку вискозната мафична магма. Огромни изливи на киселиозни истеци на магма се ретки, но можат да изминат и 15 км.[2]
Стратовулканите се понекогаш наречени „композитни вулкани“ поради нивниот композитна слоевита структура создадена од последователни изливи на избувен материјал. Тие се меѓу најчестите видови на вулкани, за споредба со помалку застапените штитести вулкани. Два познати стратовулкани се Кракатау, познат по неговиот избув во 1883 година и Везув, познат по неговиот избув од 79 година кога се уништени градовите Помпеја и Херкуланеум. Двата избуви одземале илјадници животи. Во современието, катастрофични избуви имаат Сент Хеленс и Пинатубо.
Постоењето на стратовулканите не е докаќано на други земјолики тела во Сончевиот Систем[3] со еден исклучок. Нивното постоење било предложено кај некои изолирани масиви на Марс, пр., Зефира Толус.[4]