Каи Хаверц
From Wikipedia, the free encyclopedia
Каи Хаверц (роден на 11 јуни 1999 година, во Ахен) — германски фудбалер, играч од средниот ред или напаѓач на Арсенал и на германската репрезентација.[3]
Каи Хаверц | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Каи Лукас Хаверц[1] | ||
Роден на | 11 јуни 1999(1999-06-11) (24 г.)[2] | ||
Роден во | Ахен, Германија | ||
Држава | Германија | ||
Висина | &100000000000001930000001,93 м[3] | ||
Позиција | среден ред, напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Арсенал | ||
Број | 29 | ||
Младинска кариера | |||
2003–2009 | Алеманија Маријадорф | ||
2009–2010 | Алеманија Ахен | ||
2010–2016 | Бајер Леверкузен | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2016-2020 | Бајер Леверкузен | 118 | (36) |
2020-2023 | Челси | 91 | (19) |
2023- | Арсенал | 36 | (12) |
Репрезентација ‡ | |||
2014-2015 | Германија 16 | 6 | (2) |
2015-2016 | Германија 17 | 16 | (7) |
2017-2018 | Германија 19 | 8 | (7) |
2018- | Германија | 44 | (15) |
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 20 јуни 2014 ‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 1 септември 2014 |
Откако ја завршил младинската академија на Бајер Леверкузен во 2016 година, Хаверц го направил своето сениорско деби за клубот истата година. Откако го направил своето деби, Хаверц станал најмладиот дебитант за клубот во Бундеслигата, а потоа станал и најмладиот стрелец во историјата на Бајер Леверкузен кога го постигнал својот прв гол следната година.
Во летото 2020 година, тој потпишал за Челси 84 милиони евра, со што станал вториот најскапо платен играч во историјата на Сините. Со Челси, Хаверц ги освоил Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство, постигнувајќи ги победничките голови во финалето на Лигата на шампионите и Светското клупско првенство, додека асистирал за голот на соиграчот Хаким Зијеш во Суперкупот на УЕФА. Во летото 2023 година, тој потпишал за Арсенал.
Откако ја претставувал Германија во различни младински нивоа, Хаверц го имал своето деби за сениорската репрезентација во септември 2018 година, станувајќи првиот играч роден во 1999 година што ја претставувал репрезентацијата. Тој ја претставувал Германија на Европското првенство 2020 и на Светското првенство 2022.