Светско првенство во фудбал 2022
Викимедиина категорија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Светско првенство во фудбал 2022 — 22. светско фудбалско првенство, меѓународен фудбалски турнир кој се одржува на секој четири години и на кој право на учество имаат сите членки на ФИФА кој ги минале квалификациите. Турнирот ќе се одржи во Катар од 20 ноември до 18 декември 2022 година.[1] Ова било првото светско првенство кое се одржало во Арапскиот свет,[2] и второто Светско првенство одржано целосно во Азија по турнир во 2002 во Јужна Кореја и Јапонија.
Светско првенство во фудбал 2022 2022 كأس العالم لكرة القدم Kaʾs al-ʿālam li-kurat al-qadam 2022 Qatar 2022 2022 قطر) | |
---|---|
Податоци за првенството | |
Земја | Катар |
Датум на одржување | 20 ноември – 18 декември |
Екипи | 32 (од 5 конфедерации) |
Стадиони | 8 (во 5 градови домаќини) |
Финални резултати | |
Прво место | Аргентина (3. титула ) |
Второ место | Франција |
Трето место | Хрватска |
Четврто место | Мароко |
Статистики на првенството | |
Број на натпревари | 64 |
Постигнати голови | 172 (2.69 по натпревар) |
Гледачи | 3.404.252 (53.191 по натпревар) |
Голгетер | Килијан Мбапе (8 голови) |
Најдобар играч | Лионел Меси |
Најдобар млад играч | Енцо Фернандес |
Најдобар голман | Емилијано Мартинес |
Фер плеј награда | Англија |
← 2018 2026 → |
Поради интензивните летни горештини и влажност во Катар,[3] ова Светско првенство ќе се одржи во зима, и ќе биде првиот турнир што не се одржува во мај, јуни или јули и ќе се одржи во доцна есен на северната хемисфера. Ќе се игра во намален временски рок од 29 дена.[4] Воведниот натпревар ќе биде помеѓу Катар и Еквадор на Стадион Ал Бајт, во Ал Хор. Финалето ќе се одржи на 18 декември 2022 година, Националниот ден на Катар. Актуелен шампион е Франција, која ја совладала Хрватска со 4–2 во финалето на Светското првенство 2018.
Аргентина го освоила првенството, победувајќи го бранителот на титулата Франција во финалето со 4–2 на пенали, по ремито 3–3 по продолженијата. Францускиот играч Килијан Мбапе станал првиот играч кој постигнал хет-трик во финале на Светско првенство по Џеф Херст во финалето во 1966 година и ја освоил Златната копачка откако постигнал најмногу голови (осум) за време на турнирот.
Во мај 2011, постоеле обвинувања за корупција во ФИФА кои ги покренале прашањата околу легитимноста на Светското првенство да се одржи во Катар. Според потпретседателот Џек Варнер, бил испратен имејл околу можноста дека Катар го "купил" Светскиот куп 2022 преку мамење од страна на Мохамед бин Хамам кој бил претседател на Азиската фудбалска конфедерација тогаш. Организаторите во Катар, негирале дека направиле нешто лошо.[5] Подоцна се испостави дека обвинувањата биле лажни.[6][7]