Квадратна стапка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Квадратната стапка (англ. square foot) е британска / американска (неметричка) единица мерка за површина, која главно се употребува во САД и делумно се користи во Бангладеш, Канада, Гана, Хонгконг, Индија, Либерија, Малезија, Мјанмар, Непал, Пакистан, Сингапур и во Обединетото Кралство.
Мерката се дефинира како плоштината на квадрат со страни со должина од 1 стапка (0,333... јарди, 12 инчи, или 0,3048 метри). За споредба, просечната куќа за едно семејство во САД во 2007 г. била со вкупна подна површина (т.е. сите спратови заедно) од околу 2500 квадратни стапки.[1]