Гана
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гана (англиски: Ghana) или официјално Република Гана (Republic of Ghana) е држава во Западна Африка. Гана на запад граничи со Брегот на Слоновата Коска, на север со Буркина Фасо и на исток со Того. На југ државата излегува на Гвинејскиот Залив, односно Атлантскиот Океан. Името на државата значи „крал воин“[5] и потекнува од Ганското Царство. Главен град на државата е Акра и службен јазик е англискиот.
Republic of Ghana Република Гана |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: "Слобода и правда" | ||||||
Химна:
|
||||||
Главен град | Акра 5°33′N 0°15′W | |||||
Најголем град | главниот град | |||||
Службен јазик | англиски | |||||
Демоним | Ганец | |||||
Уредување | Република | |||||
• | Претседател | Нана Акуфо-Адо | ||||
• | Заменик-претседател | Махамуду Бавумија | ||||
Независност | од Велика Британија | |||||
• | Објавена | 6 март 1957 | ||||
• | Република | 1 јули 1960 | ||||
• | Сегашен устав | 28 април 1992 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 238,535 км2 (81-ва) | ||||
• | Вода (%) | 3.5 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2009 г. | 23.837.000[2] (48-ма) | ||||
• | Густина | 99.9 жит/км2 (103-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2009 г. | |||||
• | Вкупен | $36.322 милијарди[3] | ||||
• | По жител | $1.571[3] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2009 г. | |||||
• | Вкупно | $17.75 милијарди[3] | ||||
• | По жител | $1000[3] | ||||
ИЧР (2013) | ▬ 0.573[4] среден · 138ма |
|||||
Валута | Седи (GHS ) |
|||||
Часовен појас | GMT (UTC0) | |||||
• | (ЛСВ) | GMT (UTC0) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .gh | |||||
Повик. бр. | 233 |
Гана била населена пред колонизацијата, најмногу од Акани и акански кралства на источниот брег, додека во внатрешноста била Ашантското Царство, царството на Фанте и уште неколку други царства како тие на народите Га или Еве. По доаѓањето на Португалците во XV век, трговијата со Европејците започнала, додека во 1874 година Гана била британска колонија позната како Златен Брег[6]
Златниот Брег се стекнал со независност во 1957 година и станала прва суп-сахарска африканска држава која се стекнала со независност[7][8][9] и името „Гана“ било избрано за име на новата држава како наследник на Ганското Царство која владеела со голем дел од Западна Африка. Државата е втор најголем производител на какао во светот.