Гесло
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гесло или мото[1] — фраза која формално ја опишува општата мотивација или намера на една општествена група или огранизација. Геслото може да биде на било кој јазик, но најчести се локалниот и латинскиот. Владите обично употребуваат гесла на домашниот јазик. Пример за геслото на локален јазик е македонското државно (и револуционерно) гесло: Слобода или смрт.