Кејп Код
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кејп Код, познато само како e остров и ’рт кој се наоѓа на најисточниот дел од државата Масачусетс, на североисточниот дел од Соединетите Американски Држави. На десната страна од Кејп Код се наоѓаат неколку мали островчиња, вклучувајќи ги островите Мономој, Мономској и Секонсе, кои воедно претставуваат и општини заедно со другите помали делови на Кејп. Карактерот со којшто се одликува Кејп се малите гратчиња и големите плажи кои привлекуваат голем број на туристи за време на летниот период.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Кејп Код беше формиран како терминална морена на ледник, резултирајќи како полуостров на Атлантскиот Океан. Во 1914 година, каналот на Кејп Код беше пресечен преку базата на полуостровот и со тоа формираше остров. Комисијата на Кејп Код зборува за промените коишто излегоа на еден осторв, исто како што на тоа се наврати и Агенцијата за итно државно управување во поглед на подготвителна штета.
Неофицијално, ова е еден од најголемите гранични острови на цел свет, кои го заштитуваат најголемиот дел од крајбрежјето на Масачусетс од бурните бранови на Атлантскиот Океан. Оваа заштита помага да се поткопаат крајбрежјата на Кејп за сметка на карпите, а воедно им нуди заштита и на блиските градови.
Моторните возила на главните патишта поминуват низ каналаот на Кејп Код преку Sagamore Bridge (мостот Сегамор) и Bourne Bridge (Бурн). Двата мостови се паралелни, со тоа што мостот Bourne е малку подалеку од јужнозападниот дел. Освен тоа, мостот на железничкио канал на Кејп Код извршува превоз на стока, а исто така нуди и услуги за туристичките патници.
Географија и политички поделби
Надморската височина на Кејп Код е 93 метри, на врвот на Pine Hill (Пајн Хил), во делот на Bourne па сè до морското ниво. Текот на водата која што е сместена помеѓу Кејп Код и крајбрежјето, па сè до границите на северниот дел на заливот на Масачусетс е заливот Кејп Код. Западно од Кејп Код се наоѓа Buzzards Bay (заливот Базард). Каналот Кејп Код, којшто беше завршен во 1916 година, ги поврзува заливот Базард и заливот Кејп Код, а со тоа ги крати трговските патишта помеѓу Њујорк и Бостон со цели 62 милји. На северниот дел на Кејп Код лежат Нантукет и Мартас ВИјнард два големи острови, а тука се наоѓа и најголемиот приватен остров, Елизабета.
Кејп Код се поврзува со сите делови на Барнстебл, кој вклучува 14 места Борн, Сендвич, Фалмут, Месфи, Јармут, Харвич, Денис, Брустер, Четем, Орлинс, Истхем, Велфлит, Труро, и Провинстаун и еден град - Барнстабл.
Две од овие четиринаесет места (Бурн и Сендвич), вклучуваат земја од крајбрежната страна на каналот Кејп Код. Градовите Plymouth(Плајмаут) и Wareham(Верхем), понекогаш се сметаат како дел од Кејп Код, иако не се наоѓаат на островот.
Во 17 век, именувањето на Кејп Код беше применето само на крајот од полуостровот, всушност до крајното место, денешниот Провинстаун. Низ наредните декади, името започна да се употребува и во земјите источно од реките Manomet(Маномет) и Scusset(Скасет), особено во почетокот на дваесеттиот век. Денес, комплетираните градови Бурн и Сендвич, нашироко се сметани како градови кои се вклучени во целосниот периметар на Кејп Код, и покрај тоа што некои мали делови од овие градови се сместени на западната страна од каналот.
Каналот го дели најголемиот дел на полуостровот од крајбрежјето, и промените коишто прозилегуваат во пространството понекогаш влијаат на островот. Како дополнување, некои "Cape Codders"- жителите на Кејп Код, се однесуваат на цела земја од страната на каналот како да не се дел од Кејп.
Во 18, XIX и XX век, се сметаше дека Кејп Код се состои од 3 делови :
- Горниот дел на ’ртот е делот од Кејп Код најблизу до копното, а тука спаѓаат градовите : Берн, Сендвич, Фалмут и Месфи.
Фалмут е седиштето на познатата Океанографска институција и на многу други истражувачки организации. Истовремено, претставува и најчесто користениот траект за поврзување со Мартас Винјард. Фалмут се состои од неколку одделни села, вклучувајќи го Источен Фалмут, Фалмут Вилиџ, Хачвил, Северен Фалмут, Титикет, Вакуат, Западен Фалмут и Вудс Хол, а исто така и неколку помали селца поврзани во нивното големо соседство.
- Средниот дел на ’ртот ги вклучува опфаќа градовите: Барнстабл, Јармут и Денис (не вклучувајќи го пристаништето на Денис).
Областа на средниот Кејп се одликува со многу прекрасни плажи, вклучувајќи ги плажите со топла вода, како што е на пример Kalmus Beach (плажата Калмус) во Hyannis (Хајанис), која што го добила своето име од еден од измислителите на Technicolor (Техниколор) - Herbert Kalmus (Херберт Калмус).
Оваа популарно одредиште за сурфање на ветер беше пренесувана со традиции во градот Barnstable од страна на доктор Калмус со услов дека нема да биде развивана. Ова е можеби еден од првите случаи на зачувување на отворено место. Овој среден дел на Кејп Код е исто така трговски и индустриски центар на регионот. Има седум села во Barnstable, а тие се : Barnstable Village(село Барнстебл), Centerville(Центервил), Cotuit(Кутуит), Hyannis(Хајанис), Marstons Mills(Марстонс Милс), Osterville(Остервил), и West Barnstable(Западен Барнстебл), вклучувајќи неколку мали селца коишто се вклучени во нивното големо соседство. Селата во Јармут се South Yarmouth(Јужен Јармут), West Yarmouth(Западен Јармут) и Yarmouth Port (Јармут пристаништето). Во Денис има пет села вклучувајќи ги North Dennis(Северен Денис), East Dennis(Источен Денис), и South Dennis(Јужен Денис). Пристаништето на Денис се смета како да спаѓа во долниот дел на Кејп Код.
- The Lower Cape(Долниот дел на Кејп) традиционално го вклучува целиот преостанат дел на Кејп Код, а тука спаѓаат градовите : Harwich(Харвич), Brewster(Брустер), Chatham(Чатам), Orleans(Орлинс), Eastham(Истхем), Wellfleet(Велфлиит), Truro(Труро), и Provincetown(Провинстаун).
Пристаништето во Денис кое што всушност е село во Денис, се смета дека спаѓа во долниот дел на Кејп Код. Областа на долниот дел на Кејп Код го вклучува Cape Cod National Seashore (Националниот морски брег на Кејп Код), потоа Национален парк во кој спаѓа голем дел од Кејп, вклучувајќи го источното крајбрежје, а воедно претставува седиште за едни од најпопуларните плажи во Соединетите Американски Држави како што се Coast Guard Beach и Nauset Light Beach во Eastham. Stephen Leatherman(Стивен Литермен),исто познат и како "Dr. Beach", плажата Coast Guard Beach ја стави на петтото место на најдобри плажи во Америка за 2007 година. Поголемите села во Харвич се : Harwich Port(Пристаниште Порт), Harwich Center(Централен Харвич), South Harwich(Јужен Харвич), Pleasant Lake(Плезант Лејк), West Harwich(Западен Харвич), East Harwich(Источен Харвич) и North Harwich(Северен Харвич). Едни од поголемите села во Чатам се : North Chatham(Северен Чатам), West Chatham(Западен Чатам) и South Chatham(Јужен Чатам). Во Брустер спаѓаат три области : South Brewster(Јужен Брустер), West Brewster(Западен Брустер) и Brewster(Брустер). Најголеми села во Орлинс се : East Orleans(Источен Орлинс) и South Orleans(Јужен Орлинс). Главно, Истхем е поделен во Западен Истхем. Јужен Велфлиит е најголемо село во Велфлиит. Најголема област во Труро е Северно Труро и Провинстаун, каде што има само едно село.
“Горен” и “Долен” дел на Кејп
Термините “Горен” и “Долен”, како што се нарекуваат во Кејп, немаат никаква врска со северен и јужен дел. Како замена, тие потекнуваат од поморската конвенција за време кога беа вклучени основните средства од превозувањето и широко прифатените западни ветрови, што значи дека чамчиња со едрилици коишто пловат североисточно од заливот на Кејп Код ќе си го добијат ветрот назад и притоа ќе се движи надолу, додека оние со тешки едра кон југозапад ќе се движат наспроти ветерот, или над него. Слично на ова, во близина на Martha's Vineyard, "Up Island"(горниот дел на островот) сè уште е западен оддел, додека "Down Island"(долниот дел на островот) е на источниот оддел, а во Maine(Мејн), "Down East" е слично дефиниран од ветровите и течната струја.
Со тек на времето, причините за традиционалнта номенклатура станаа непознати, а нивното значење нејасно. Подоцна во деведесеттите, новодојдените почнаа градовите од Орлинс до Провинстаун да ги именуваат како "Outer Cape" (Поодалечен Кејп), а и уште еден описно географско именување, кое сè уште е во употреба - "Inner CAPE" (Поблизок Кејп).
Геологија
Кејп Код формира продолжен архипеолошки регион со тенка линија од острови коишто се протегнуваат кон Њујорк, историски познат во природонауката како што е Аутер Лендс. Оваа продолженост е поради тоа што островите и Кејп се сите терминални морени коишто лежат уште од пред 12 000-16 000 години. Најголемиот дел од геолошката историја на Кејп Код се истакнува со напредокот и отстапувањето на Laurentide ice sheet (вечниот мраз Лорентид) во доцната геолошка ера и честите промени на морското ниво. Користејќи ги техниките на радиоактивните методи, истражувачите ова го утврдија пред околу 23 000 години. Ледената површина го достигна својот максимален напредок на југоисточната страна на Северна Америка и тогаш започна да отстапува. Многу мали бари станаа бистри, студените езера беа создадени и останаа во Кејп Код како резултат на ледникот кој тогаш беше во опаѓање.
За околу 18 000 години, вечниот мраз стана минато за Кејп Код. Пред 15 000 тешки години, отстапи од јужниот дел на Нова Англија. Кога најголемиот дел од водата на Земјата беше “заробена” во голема количина од вечниот мраз, нивото на морската вода беше намалено. Крајбрежните места во Труро порано биле распространети со шума, пред да станат плажи. Откако мразот почна да се топи, морето започна да се зголемува. На почетокот, нивото на морето се зголемуваше брзо, околу 15 метри за 1 000 години, но тогаш размерот почнал да опаѓа. На Кејп Код, нивото на морската вода растеше цели 3 метри во еден милениум, пред 6 000 и 2 000 години. После тоа, продолжи да се зголемува за само еден метар во еден милениум. Пред 6 000 години, нивото на водата беше доволно високо за да започне да ги подрива кристализираните наталожувања во коишто исчезнатиот континентален вечен мраз “отседна” на Кејп Код. Водата ги пренесе подриените наталожувања на север и на југ сè до не толку далечното крајбрежеје на Кејп. Преработените талози коишто беа преместени северно, заминаа на крајот од островот.
Provincetown(Провинстаун), којшто се наоѓа на крајот од Кејп Код, се состои најмногу од марински слоеви кои се пренесуваат и подалеку од островот. Талозите кои се приближија јужно ги создадија островите и јатата риби на Monomoy(Мономој). Поради тоа, додека другите делови на Кејп се намалуваа поради дејствата на брановите, овие делови од островот се зголемуваа.
Овој процес продолжува и денес. Поради нивната позиција со испапчување кон Атлантскиот Океан, Кејп Код и останатите земји се подложени на масовна крајбрежна ерозија. Поради ерозијата, најавуваат геолозите, целиот остров за неколку илјадници години ќе биде потопен од морето. Оваа ерозија предизвика големи дупки на плажите и уништување на бариерните острови. На пример, океанот надојде низ островот на Chatham(Чатам) во 1991 година, обезбедувајќи им на брановите и бурите да го уништат крајбрежјето без попречување. Последично на тоа, талогот и песокот од плажите беа отстранети и пренесени на друго место. Додека ова уништува земји на некои места, или создава на други, важно е да се напомене дека најзабележително е кај мочуриштата каде што талогот е надојден од водите коишто поминуваат низ него.
- Источно од Америка, на отворениот Атлантик се наоѓа последниот фрагмент од древната, и сега исчезната земја. Однесена од големите бранови и дождовите, распадната од ветровите... таму сè уште ја има формата. – Henry Beston(Хенри Бестон)