Википедија:Правете само врски што се поврзани со контекстот
From Wikipedia, the free encyclopedia
Правете врски што се поврзани со контекстот.
- Правете врски што помагаат во ориентацијата и сфаќањето.
- Избегнувајте очигледни, прекумерни и бескорисни врски.
Повеќе информации Кратенка: ВП:КОНТЕКСТ ...
Оваа страница за ја обработува темата напатствие за стил на македонската Википедија. Општоприфатен стандард е уредниците да ги следат правилата, но сепак треба да се користи здрава логика и да се прават повремени исклучоци. Содржајните промени на оваа страница мора да бидат поткрепени со консензус. Кога не сте сигурни, најпрвин продискутирајте ја проблематиката на разговорната страница. |
|
Затвори
Контрапродуктивно е да правите врски за сите можни зборови. Тоа се нарекува „прекумерно поврзување“ (overlinking).[1] Голема густина од врски може да го отфрли вниманието од важните врски коишто вистински би им служеле на читателите (пример: Александар е човек.). Прекумерните врски ја затнуваат страницата и го оневозможуваат понатамошното средување. Врските се аналогни на референците од типот „видете: “ во печатените медиуми. Замислете како би било кога секој втор збор во една енциклопедиска статија би имал до него „(видете: )“. Врските не би требало да бидат премногу бројни со што би се отежнало читањето на статијата.
Оваа страница служа како баланс за основното правило на правење мрежа.