Кордопски Емират
историска држава на Пиринејскиот Полуостров / From Wikipedia, the free encyclopedia
Кордопски Емират (арап. إمارة قرطبة или Омајадски Кордопски Емират [2][3][4] — средновековно исламско кралство на Пиринејскиот Полуостров.
Кордопски Емират | |||||
إمارة قرطبة (арапски) Imārat Qurṭubah | |||||
| |||||
---|---|---|---|---|---|
Кордопскиот Емират во 929 година (зелено) | |||||
Главен град | Кордоба | ||||
Јазици | Андалусиски арапски, берберски, мозарапски, Средновековен хебрејски јазик | ||||
Вероисповед | Сунитски ислам, Јудаизам, Римокатоличка црква | ||||
Уредување | Исламска апсолутна монархија | ||||
Историја | |||||
- | Абд ал-Рахман I се прогласил за емир на Кордоба | 15 мај 756 | |||
- | Абд ал-Рахман III се прогласил за калиф на Кордоба[1] | 16 јануари 929 | |||
Валута | Дирхам | ||||
Денес во | Португалија Шпанија | ||||
Териториите на емиратот во јужна Иберија, сместени во она што Арапите го нарекувале Ал-Андалус, биле дел од Омејадскиот Калифат од почетокот на 8 век н.е. Откако калифатот бил соборен од Абасидската револуција во 750 година, омајадскиот принц Абд ар-Рахман I побегнал од поранешниот главен град Дамаск и основал независен емират во јужна Иберија во 756 година.
Главниот град на провинцијата Кордоба (арап. قرطبة) станал главен град и за неколку децении прераснал во еден од најголемите и најпросперитетните градови во Медитеранот. Откако првично ја признал легитимноста на абасидскиот калиф во Багдад, во 929 година емирот Абд ал-Рахман III прогласил независност на калифатот во Кордоба, прогласувајќи се себеси за калиф.