Кристен Бел
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кристен Ен Бел (родена на 18 јули 1980 [1]) — американска глумица. И покрај тоа што нејзината прва улога во “Полска Венчавка” не беше акредитирана, таа претходно се појави во театарската продукција. Во 2001 таа го направи своето прво деби на Бродвеј, играјќи ја улогата на Беки Тачер во филмот “Авантурите на Том Соер”. По преселувањето во Лос Анџелес, Кристен гостуваше во различки телевизии и играше некои мали улоги, пред да и биде доделена главната улога во филмот “Спартанец” во режија на Дејвид Мамет. Таа стекна слава и доби добра критика за нејзината улога во телевизиската серија “Вероника Марс” која се емитуваше во периодот од септември 2004 до мај 2007. За нејзината улога во оваа серија многу критичари и гледачи сметаа дека треба да биде номинирана за Еми награда.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Кристен Бел | |
---|---|
Роден(а) | 18 јули 1980(1980-07-18) (43 г.) Хјунингтон Вудс, Мичиген, САД |
Занимање | глумица |
Партнер | Дакс Шепард (2007-) |
Бел ја играше улогата на Мери Лејн во мјузиклот “Мичман Лудило” која е реприза на улогата што ја имаше во Њујоршката театарска продукција, на којашто беше заснован филмот.Таа исто така ја толкуваше главната улога во “Пулс” римејк на филмот “Јапонски хорор”. Во 2007 таа се приклучи на глумечката екипа на американската научно-фантастичка телевизиска серија “Херои”, каде ја играше улогата на Ели Бишоп, и во американската драмска телевизиска серија “Озборувачка” таа беше почесен раскажувач. Во 2008 таа го игра насловниот лик во комедијата “Заборавањето на Сара Маршал”. Оттогаш се појавува во голем број на комедии како што се : “Навивачи”, “Одмор за двојки”, и “Кога сте во Рим”. Бел го позајми својот глас на ликот Кора во цртаниот филм “Астробој”, а исто така го позајми и нејзиниот лик на Луси Стилман во видео играта “Разбојници”. Бел освои “Награда Сателит”, награда “Сатурн”и неколкупати беше номинирана за награда од здружението на филмски критичари и за најдобра тин глумица.