Куќа на Робевци
градба и музеј во Охрид, Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Куќа на Робевци — стара куќа Охрид која се смета за едeн од најрепрезентативните објекти на градската архитектура во Македонија, која својот највисок развој го достигнува во текот на XIX век. Денес е заштитен споменик на културата под грижа на Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид и во неа денес е сместен Археолошкиот музеј, етнолошката поставка, фонд на предмети од семејството Робевци и дела на охридската резбарска школа.
Кратки факти Куќа на Робевци, Општи податоци ...
Куќа на Робевци | |
---|---|
Поглед на куќата | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | куќа, музеј |
Стил | староградски |
Град | Охрид |
Земја | Македонија |
Почната | 1861 |
Завршена | 1863 |
Технички податоци | |
Катови | 4 |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Тодор Петков |
Затвори
Тодор Петков од с. Гари, Дебарско, е мајсторот - градител на куќата на двајцата браќа Робевци, која ја сочинуваат два посебни стана што формираат симболична архитектонска целина. Куќата била изградена во 1825 година по што била опожарена и повторно изградена следната година.