Куќа
градба наменета за живеење / From Wikipedia, the free encyclopedia
Куќа — самостојна, издвоена градба која служи за домување, направена од дрво, камен, цигла, бетон или некој друг материјал и опремена со водоводна, електрична и друга инсталација.[1][2] Куќите се покриени на различни начини, со цел да се спречи протекувањето на водата од атмосферските врнежи (дожд, снег). Исто така, куќите може да имаат врата која служи за заштита на жителите од крадци и други опасности. Во современата западна цивилизација, куќите се составени од соби за спиење и за дневен престој, како и од бања, кујна и други помошни простории. Некои куќи имаат посебна соба за јадење, а во некои таа е споена со другите соби (со кујната или со дневната соба). Во традиционалните селски куќи, во куќата може да постои дел во кој се чуваат некои домашни животни.[3]