Ливадарка
род растенија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ливадарката (науч. Poa)[1] — род од околу 500 вида на треви од умерените појаси од обете полутопки. Родот спаѓа во потсемејството на ливадарките (Pooideae) на семејството на тревите (Poaceae).
Кратки факти Ливадарка, Научна класификација ...
Ливадарка | |
---|---|
Едногодишна ливадарка (Poa annua) | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Монокотиледони |
Нерангирано: | Комелиниди |
Ред: | Тревовидни |
Семејство: | Треви |
Потсемејство: | Ливадарки |
Род: | Ливадарка L. |
Видови | |
околу 500 вида; вид. во текстот. |
Затвори
Во родот има и едногодишни и повеќегодишни видови. Највеќето се двополови, но има и некои што се еднополови (посебни машки и женски растенија). Растението расте до висина од половина метар до метар, листовите му се тесни, свиени или рамни, а понекогаш четкасти. Основната обвивка е зарамнета, а некаде задебелена, со тап или качулкаст врв и ципеста лигула.