Лотар Матеус
From Wikipedia, the free encyclopedia
Лотар Херберт Матеус (германски: Lothar Herbert Matthäus; р. 21 март 1961 ) — германски фудбалер, менаџер и поранешен капитен на Западна Германија. За победата на Светското првенство во 1990 година, тој бил еден од најзаслужните во германската репрезентација и прогласен за европски фудбалер на годината во 1991 година, и исто така бил именуван за најдобар ФИФА играч на годината, и на крајот му останало само да ја добие наградата за германски играч на годината, што подоцна ја добил во истата година.
Лотар Матеус | |||
---|---|---|---|
Матеус во 2019 г. | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Лотар Херберт Матеус | ||
Роден на | 21 март 1961(1961-03-21) (63 г.) | ||
Роден во | Ерланген, Западна Германија | ||
Висина | &100000000000001740000001,74 м | ||
Позиција | среден ред, штопер | ||
Младинска кариера | |||
1971–1979 | ФК Херцогенаурах | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1979–1984 | Борусија Мехенгладбах | 162 | (36) |
1984–1988 | Баерн Минхен | 113 | (57) |
1988–1992 | Интер | 115 | (40) |
1992–2000 | Баерн Минхен | 189 | (28) |
2000 | Метростарс | 16 | (0) |
Вкупно | 595 | (161) | |
Репрезентација | |||
1979–1983 | Германија 21 | 15 | (2) |
1979–1981 | Западна Германија Б | 4 | (1) |
1980–2000 | Германија | 150 | (23) |
Тренер на екипи | |||
2001–2002 | Рапид Виена | ||
2002–2003 | Партизан Белград | ||
2004–2006 | Германија | ||
2006 | Атлетико Паранаенсе | ||
2006–2007 | Ред Бул Салцбург | ||
2008–2009 | Макаби Нетанја | ||
2010–2011 | Бугарија | ||
*Настапи и голови само на првенствени натпревари |
Роден е во Ерланген, Баварија. Играл на пет Светски првенства и тоа на ФИФА Светското Првенство во Шпанија 1982 година, на ФИФА Светското првенство 1986 во Мексико, ФИФА Светското првенство 1990 во Италија , ФИФА Светското првенство 1994 во САД и ФИФА Светското првенство 1998 во Франција.Тој настапил повеќе од било кој друг играч во машкиот фудбал на светските првенства, и го држи рекордот со најмногу одиграни натпревари на мундијалите од страна на еден играч со 25 натпревари. Тој исто така го освоил Еуро 1980, и играл уште и на Еуро 1984, Еуро 1988 и Еуро 2000. Во 1999 година, на возраст од 38 години, тој повторно бил прогласен за германски фудбалер на годината, откако претходно ја освоил наградата во 1990 година.
Матеус е највозрасниот германски фудбалер на сите времиња и се повлекол со вкупно 150 настапи (83 за Западна Германија) во последните 20 години, и 23 постигнати гола. Матеус е член на ФИФА 100 списокот на најголеми живи фудбалери избрани од страна на Пеле.[1] Диего Марадона еднаш изјавил за Матеус, "тој е најдобар соперник што некогаш сум го имал. Претпоставувам дека тоа е доволно за да го дефинирам него", во својата книга Еј соја Ел Диего "(Јас сум Диего).[2]
Матеус претставувал разновиден и комплетен играч, тој бил познат по неговата перцептивна пас игра, положбена смисла, добро темпирано справување, како и моќен удар од далечина. За време на неговата кариера, тој обично настапувал како играч од средниот ред, иако доцна во неговата кариера играл како одбранбен играч, или популарно наречено Либеро.