Мазовско Војводство
едно од 16те полски војводства / From Wikipedia, the free encyclopedia
Мазовско Војводство (полски: województwo mazowieckie) — војводство во средно-источна Полска, претежно на подрачјето на историската област Мазовија. Зафаќа површина од 35.580 км2 и има население од 5.324.500 жители.[1] Најголеми градови се Варшава (1.749.000) и Радом (226.000) на југ, Плоцк (127.000) на запад, Шедлце (77.000) на исток и Остроленка (55.000) на север. Седиште на војводството е државната престолнина Варшава.
Мазовско Војводство województwo mazowieckie | |||
---|---|---|---|
војводство | |||
Местоположба во Полска | |||
Окрузи во Мазовското Војводство | |||
Земја | Полска | ||
Седиште | Варшава | ||
Окрузи | 5 градски, 37 земски * | ||
Површина | |||
• Вкупно | 35.580 км2 (13,740 ми2) | ||
Население (2014) | |||
• Вкупно | 5.324.500[1] | ||
• Густина | 151/км2 (390/ми2) | ||
Рег. таб. | W | ||
БДП (ном.)[2] | 2015 | ||
Вкупен | 107 млј. $ | ||
ПГЖ | 20.000 $ | ||
Мреж. место | mazovia.pl | ||
|
Создадено е на 1 јануари 1999 г. од дотогашните војводства Варшавско, Плочко, Ќеханувско, Остроленско, Шедлечко и Радомско, согласно управната реформа усвоена претходната година. Го носи името на историската област Мазовија, и претежно совпаѓа со неа; исклучок е јужниот дел околу Радом, кој е во Малополска, додека пак Ломжа и околината историски се во Мазовија, но денес припаѓаат на Подлаското Војводство.
Се граничи со шест други војводства: Варминско-мазурското на север, Подлаското на североисток, Лублинското на југоисток, Светокришкото на југ Лоѓсското на југозапад и Кујавско-поморското на северозапад.
Војводството е центар на науката, образованието, производството и сообраќајот во земјата.[3] Има најмала невработеност и највисоки примања.[3] Учествува со 22 % од БДП на Полска, што по глава на жител изнесува 160 % од државниот просек. Ужива значајна посетеност поради историските споменици и има привлечни природни предели; 20 % од војводството покриено со борова и дабова шума.[4] Тука се вбројува и националниот парк Кампинос, прогласен за биосферен резерват на УНЕСКО.