Варминско-мазурско Војводство
војводство во Полска / From Wikipedia, the free encyclopedia
Варминско-мазурско Војводство (полски: województwo warmińsko-mazurskie) — војводство во Североисточна Полска. Главен и најголем град е Олштин. Војводството зафаќа површина од 24.192 км2 и има 1.443.967 жители (2014).
Варминско-мазурско Војводство województwo warmińsko-mazurskie | |||
---|---|---|---|
војводство | |||
Местоположба во Полска | |||
Окрузи во Варминско-мазурското Војводство | |||
Земја | Полска | ||
Седиште | Олштин | ||
Окрузи | 2 градски, 19 земски окрузи * | ||
Површина | |||
• Вкупно | 24.191,8 км2 (93,405 ми2) | ||
Население (2014) | |||
• Вкупно | 1.443.967 | ||
• Густина | 60/км2 (200/ми2) | ||
• Градскo | 856.559 | ||
• Селско | 570.532 | ||
Рег. таб. | N | ||
Мреж. место | wm.24.pl | ||
|
Создадено е на 1 јануари 1999 г. од целото тогашно Олштинско војводство, западната половина на Сувалското и дел од Елблоншкото Војводство, согласно управната реформа усвоена претходната година. Наречено е по двете историски области во него — Вармија и Мазурија.
Војводството се граничи со Подлаското Војводство на исток, Мазовското на југ, Кујавско-поморското на југозапад, Поморското на запад, Висланскиот Залив на северозапад и Калининградската Oбласт (ексклава на Русија) на север.
Кон почетокот на новиот век, подрачјето било дел од Полско-литванската Државна Заедица. Со првата поделба на Полска во 1772 г. овие области влегле во новосоздадената пруска покраина Источна Прусија како нејзин јужен дел. По Втората светска војна подрачјето е поделено помеѓу Полска и СССР, а сето староседелско германско население е насилно протерано во Германија. И покрај прогоните, денес сепак постои малобројно германско малцинство.
Особено значење во војводството има Мазурското Поезерје, со преку 2.000 езера, меѓу кои и двете најголеми во земјата — Шњардви и Мамри. Меѓу препознатливите знаменитости се вбројуваат замоците како Лиѕбарчкиот, Пјењенежнскиот, Олштинскиот, како и Катедралниот Рид во Фромборк, каде живеел и работел астрономот Никола Коперник. Лиѕбарчкиот замок подоцна станал дом на Игнациј Красицки, наречен „Кнезот на полските поети“. Од посебно духовно значење се христијанските светилишта Швјента Липка во Мазурија и Гетшвалд во Вармија.
Варминско-мазурското Војводство има најбројно украинско население во Полска[1], што се должи на присилните преселби спроведени од СССР и полската комунистичка власт. Најпознат од овие потфати е операцијата „Висла“.