Мала рибарка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мала рибарка (науч. Sternula albifrons syn. Sterna albifrons) — морска птица од семејството на рибарките (Sternidae) која се среќава во Македонија. Порано беше сместена во родот Sterna, кој сега е ограничен на големите бели рибарки (Bridge et al., 2005). Оваа птица се размножува на крајбрежјата и во копното на умерена и тропска Европа и Азија. Таа е птица преселница, која зимува на крајбрежјата од суптропските и тропските океани, до јужна Африка и Австралија. Има три подвида, номинираниот albifrons кој е распространет во Европа, Северна Африка и западна Азија; guineae кој го има во западна и централна Африка и sinensis во источна Азија и на северните и источните брегови на Австралија (Higgins and Davies, 1996).
Мала рибарка | |
---|---|
Возрасна S. a. sinensis со перје во сезона на парење, Австралија | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Бекасови |
Семејство: | Рибарки |
Род: | Мала рибарка |
Вид: | Мала рибарка |
Научен назив | |
Sternula albifrons Pallas, 1764 | |
Синоними[2] | |
Sterna albifrons |
Малата рибарка се размножува во колнии на камчињата или песокот на плажите или островите. Гнездото е сместено на земја и во него снесува 2-4 јајца. Како и другите рибарки, таа го брани своето гнездо и малечките и ги напаѓа натрапниците. Слично како другите рибарки, и оваа се храни со риба, нурнувајќи се од лет. Нудењето риба на женката од страна на мажјакот е дел од неговото додворување. Ова е мала рибарка, долга 21-25 см, со распон на крилјата од 41 до 47 см. Тешко ќе се помеша со некоја друга од нејзиното семејство, заради својата големина и белото чело за време на размножувањето. Нејзиниот тенок, остар клун е жолт со црн врв, а нозете, исто така, се жолти. Зимно време, челото е уште поинтензивно бело, клунот црн, а нозете побезбојни. Повикот е гласно, препознатливо крескање.