Маркус Рашфорд
англиски фудбалер / From Wikipedia, the free encyclopedia
Маркус Рашфорд (роден на 31 октомври 1997 година, во Манчестер) — англиски фудбалер, напаѓач на Манчестер Јунајтед и на англиската репрезентација.
Маркус Рашфорд | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Маркус Рашфорд[1] | ||
Роден на | 31 октомври 1997(1997-10-31) (26 г.)[2] | ||
Роден во | Манчестер, Англија | ||
Држава | Англија | ||
Висина | &100000000000001800000001,80 м[3] | ||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Манчестер Јунајтед | ||
Број | 10 | ||
Младинска кариера | |||
2005–2015 | Манчестер Јунајтед | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2015– | Манчестер Јунајтед | 223 | (67) |
Репрезентација ‡ | |||
2012 | Англија 16 | 2 | (0) |
2014 | Англија 18 | 2 | (0) |
2016 | Англија 20 | 2 | (0) |
2016 | Англија 21 | 1 | (3) |
2016– | Англија | 51 | (15) |
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011 ‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010 |
Рашфорд ја започнал својата кариера во Манчестер Јунајтед доаѓајќи во клубот на седумгодишна возраст, а своето деби за првиот тим го направил во февруари 2016 година, постигнувајќи притоа два гола во победата со 5-1 над Митјиланд во УЕФА Лига Европа. Три дена подоцна, тој дебитирал со гол и во Премиер лигата во натпреварот против Арсенал. Во досегашната кариера со Јунајтед, Рашфорд ги освоил ФА Купот, Лига купот, ФА Комјунити Шилд и УЕФА Лигата на Европа.
Рашфорд постигна гол на своето деби за Англија во мај 2016 година, станувајќи најмладиот играч кој постигнал гол во својот прв репрезентативен настап за сениорската репрезентација на оваа земја. Оттогаш тој настапил на две Европски првенства; во 2016, каде што бил најмладиот играч учесник на турнирот, и 2020, каде што настапил и во финалето во кое Англија загубила на пенали од Италија. Тој, исто така, ја претставувал својата земја и на две Светски првенства во 2018 и 2022 година, постигнувајќи досега вкупно три гола на Мундијалите (сите на вториот).