Мајчина душичка
вид растение / From Wikipedia, the free encyclopedia
Мајчина душичка или мајчина душица[3] (науч. Thymus serpyllum) — вид цветно растение од родот матерка (Thymus) на семејството усноцветни (Lamiaceae). Природно е распространет во Европа и Северна Африка. Оваа ниска полегната полугрмушка расте до висина од 2 см и има ползечки стебленца долги до 10 см. Листовите се овални и зимзелени, долги 3–8 мм. Цветовите се долги 4–6 мм, распоредени во китки и имаат силен мирис. По боја може да бидат светловиолетови, розово-виолетови, магентни, а ретко и бели. Растението е издржливо и знае да расте на неповолни места. Наоѓа употреба во кулинарството и како билен чај.
Кратки факти Мајчина душичка, Научна класификација [ у ] ...
Мајчина душичка | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
клад: | Евдикоти |
клад: | Астериди |
Ред: | Усноцветовидни |
Семејство: | Усноцветни |
Род: | Матерка |
Вид: | Мајчина душичка |
Научен назив | |
Thymus serpyllum L.[1] | |
Синоними[2] | |
Список
|
Затвори