Милтон Фридман
From Wikipedia, the free encyclopedia
Милтон Фридман (англиски: Milton Friedman), (31 јули 1912
— 16 ноември 2006
) — американски економист, статистичар и математичар. Предавал на Универзитетот во Чикаго, а во 1976 година ја добил Нобеловата награда за економија за неговите достигнувања во анализата на потрошувачката, монетарната историја и теорија и за демонстрација на комплексноста на стаблизационата политика.[1]
Фридман во својата кариера има напишано многу книги, статии, научни трудови, колумни, а исто така, неговата работа вклучува документарни филмови и предавања кои опфаќаат широк спектар на теми од областа макроекономијата, микроекономијата, економската историја, јавната политика и статистиката.
Неговото учење претставува продолжение на учењето на класичната економска школа и се нарекува монетаризам, кое се залага за максимална слобода на пазарот, а мешањето на државата во економскиот живот го квалификува како погрешно и штетно.[2]
Пред 1970-тите, неговите сфаќања биле прифатени од многу малку експерти во економскиот свет. По појавата на стагфлацијата, тие значајно се рашириле, а најмногу влијаеле на американските конзервативци, посебно во времето на Роналд Реган, како и на британската челична дама, Маргарет Тачер. Тогаш, Фридмановите идеи и погледи за приватизацијата, дерегулацијата, монетарната политика и даночната политика ги промениле економските состојби во светот, и воопшто, ги промениле сфаќањата на економијата во целина.
Според едно истражување, меѓу економистите, Фридман бил вториот по популарност економист на XX век, веднаш зад Џон Мејнард Кејнс,[3] а во списанието The Economist го опишуваат како "највлијателниот економист во втората половина на XX век, ако не и на целиот.[4]
Чикашка економска школа | |
---|---|
Роден | 31 јули 1912(1912-07-31) Бруклин, Њујорк, САД |
Починал | 16 ноември 2006(2006-11-16) (возр. 94) Сан Франциско, Калифорнија, САД |
Националност | САД |
Установа |
|
Поле | Економија, Статистика |
Алма матер |
|
Придонеси |
|
Потпис |