Национална арена „Тоше Проески“
From Wikipedia, the free encyclopedia
Национална арена „Тоше Проески“ (поранешни имиња: Филип II Македонски, Градски стадион, Телеком арена) — повеќенаменски стадион во Скопје за разни спортови, кој најчесто се користи за фудбалски натпревари. На него играат фудбалските клубови ФК Работнички и ФК Вардар, како и фудбалската репрезентација на Македонија.
Национална арена „Тоше Проески“ | |
---|---|
Градски стадион | |
Место | Градски парк, Скопје, Македонија |
Отворен | 1947 |
Проширен | 2008-2011 |
Сопственик | Град Скопје |
Оператор | ФФМ |
Подлога | трева |
Главен изведувач | ГП Бетон |
Игра | ФК Работнички ФК Вардар Фудбалска репрезентација на Македонија |
Гледачи | 33.011 |
Тековната максимална сместивост на арената изнесува над 33.011. Владата на Република Македонија официјално го преименувала стадионот во февруари 2009 година со името Национална арена „Филип Втори“, но во ноември 2016 година стадионот бил преименуван во Телеком Арена по потпишаниот договор со Македонски Телеком.[1] Во септември 2017 година, договорот за името Телеком Арена бил раскинат и старото име Филип Втори, било вратено.[2][3]
Првичното име на стадионот e „Градски стадион Скопје“, па поради тоа е познат и под прекарот „градски“. Јужната трибина e проектиранa од архитектите на „Бетон“ Драган Крстев и Тодорка Мавкова уште во 1977 година.