Невежис
река во Литванија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Невежис (литвански: Nevėžis) — шеста најдолга река во Литванија и една од главните притоки на реката Неман. Нејзината должина изнесува 209 километри и тече само во рамките на Литванија. Претставува втора најдолга река во Литванија, по Швентоји, која тече само во рамките на нејзините граници. Нејзиниот извор е во општината Аникшчијај и реката најпрвин тече кон северозапад, но по градот Паневежис свртува на југозапад и го поминува Кедајнијај, се влева во Неман западно од Каунас близу Раудондварис.
За други значења на поимот, погл. Невежис (појаснување).