Неман
река во источна Европа / From Wikipedia, the free encyclopedia
Неман, Њоман, Немунас или Мемел (белоруски: Нёман; литвански: Nemunas; руски: Неман; германски: Memel; полски: Niemen) — река во Европа која извира во Белорусија и тече низ Литванија, образувајќи ја северната граница на западната руска ексклава Калининградска Област. Се влева во Курскиот Залив, поврзан со Балтичкото Море во еден тесен дел. Тече во должина од 937 км, и затоа се вбројува меѓу поважните источноевропски реки. Се движи во запад до Гродно на 12 км од полската граница, северно до Каунас, а потоа повторно на запад сè до морето.
Неман Нёман, Nemunas, Memel | |
---|---|
Неман кај Алитус | |
Неман на карта | |
Етимологија | можеби јужнословенско име на чудовиште |
Местоположба | |
Земји | Белорусија, Литванија, Русија |
Градови | Гродно, Каунас, Советск |
Физички особености | |
Извор | |
• место | југозападно од Минск, Белорусија |
• координати | 53°15′10″N 27°18′21″E |
• надм. вис. | 176 м |
Устие | Курски Залив |
• место | западно од Шилуте, Литванија |
• координати | 55°20′12″N 21°14′50″E |
• надм. вис. | 0 м |
Должина | 937 км |
Големина на сливот | 98.200 км2 |
Проток | |
• место | Курски Залив, поврзан со Балтичкото Море |
Особености на сливот |
Ова е најголема река во Литванија и трета по големина во Белорусија. Пловна е во најголемиот дел. Почнува од две изворишта чии водотеци се спојуваат околу 15 км југозападно од гратчето Узда, 55 км југозападно од главниот град Минск. Само свиок од 17 км лежи на белоруско-литванската граница. Понатаму реката има значителни свиоци долж помал тектонски расед.
Сливот на реката е образуван за време на доцниот квартар приближно по работ на последната ледена покривка, што значи некаде 25.000 до 22.000 години п.н.е. Длабочината на реката се движи од 1 м во горното течение до 5 м во долниот слив.