Неретва
From Wikipedia, the free encyclopedia
Неретва — река која протекува низ Босна и Херцеговина и Хрватска и се влева во Јадранското Море. На Неретва се изградени повеќе хидроцентрали. Најголеми притоки на Неретва се Рама, Требижат, Буна и Брегава. Должина: 225 km (203 во Херцеговина). Неретва тече низ Динаридите. Последните 30 километри оваа река се претвора во алувијална делта, пред нејзиното влевање во Јадранското Море.
Кратки факти Земји, Извор ...
Неретва | |
River | |
Слика што е направена од воз помеѓу Јабланица и Мостар (Неретванска долина) | |
Официјално име: Неретва | |
Гесло: Пушти ја реката да тече (бошњачки: "Pusti rijeku da teče"); Река во неповрат (бошњачки: "Rijeka bez povratka"). | |
Прекар: Nera (македонски: Нера); Zelena ljepotica (македонски: Зелена убавица); понекогаш и Modra rijeka (македонски: Модра река) | |
Земји | Босна и Херцеговина, Хрватска |
---|---|
Извор | |
- височина | 1.227 м |
- координати | 43°16′1″N 18°33′1″E |
Утока | |
- местоположба | Плоче, Хрватска |
Должина | 230 км |
Слив | 10.380 км2 |
Истек | |
- просечен | 341 м3/с |
На Ризницата: Неретва | |
Затвори
На својот пат кон устието Неретва тече низ Коњиц, Јабланица, Мостар, Чаплина, Почитељ, Метковиќ и Опузен. Најголем град на Неретва е Мостар.
Стариот мост на Неретва во Мостар (кога за време на војната во Босна го срушиле единиците на ХВО во 1993, а кој е реконструиран во 2004 година) е прогласен од организацијата УНЕСКО за споменик од светско културно наследство.