Динариди
планински венец на Балканскиот Полуостров / From Wikipedia, the free encyclopedia
Динариди или Динарски Планини, Динарски Алпи — планински венец во југоисточна Европа кој минува низ Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија (со Косово и Метохија), Албанија, навлегувајќи и во Македонија.
Динариди | |
---|---|
Динарски Планини | |
Орјен — најзакарстениот венец на Динаридите | |
Највисока точка | |
Врв | Езерски Врв (Албанија) |
Надм. височина | 2.694 м |
Координати | 42°26′30″N 19°48′45″E |
Величина | |
Должина | 645 км |
Географија | |
Земји | |
Се граничи со | Јулиски Алпи |
Геологија | |
Период | мезозоик |
Вид карпа | седиментна |
Долг е 645 км и се протега долж крајбрежјето на Јадранското Море, од Јулиските Алпи на северозапад, па до масивот Шара-Кораб. Највисока планина е Проклетие, на црногорско-албанската граница, со Езерскиот Врв (2.694 м).
Овој венец е меѓу најдолгите и најстрмните во Европа — по Кавказ, Алпите, Пиринеите и Скандинавските Планини. Составени се претежно од мезозојски и кенозојски седиментни карпи од доломит, варовник, песок и конгломерати од езерата и морињата кои некогаш ја прекривале нивната територија.
Во текот на алпската орогенеза пред 50–100 милиони години, огромниот страничен притисок создал превиткувања и свлекувања во карпите во облик на голем лак. Динаридите излегле во приближно напоредни венци, протегајќи се како ѓердан од Јулиските Алпи до северна Албанија, каде планинскиот терен се спушта во долините на Дрим и ниските предели на Косово и Метохија. Потоа се издигаат планините Шара и Кораб, па ваквиот терен продолжува во Егејска Македонија, Грција и планините на Пелопонез и Крит, Родос, па сè до Таур во јужна Турција.
Венецот е наречен по планината Динара (1.913 м), на границата помеѓу Хрватска и БиХ.