Нобелова награда за хемија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Нобелова награда за хемија (шведски: [Nobelpriset i kemi] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help)) — годишна награда што ја доделува Кралската академија на науките на научници од различни области на хемијата. Таа е една од петте Нобелови награди што ја основал во 1895 година пронаоѓачот на динамитот, шведскиот физичар Алфред Нобел (1833 - 1896). Останатите награди се: Нобелова награда за физика, Нобелова награда за физиологија или медицина, Нобелова награда за литература, Нобелова награда за мир и Нобелова награда за економија.[1]
Според тестаментот на Нобел, наградата се исплатува од средствата на фондацијата „Нобел“, а ја доделува комитет од пет члена кои ги избира Кралската академија на науките.[2] Првата Нобелова награда за хемија е доделена во 1901 година на Јакоб Хенрик вант Хоф, од Холандија.
Секој добитник добива медал, диплома и парична награда која не е иста секоја година.[3] Во 2007 година, Гехарт Ертл добил десет милиони шведски круни, (малку повеќе од 1 милион €, или 1,4 милиони американски долари.
Наградата се доделува во Стокхолм на годишна церемонија на 10 декември, годишница од смртта на Нобел.[4]