Нобелова награда за физиологија или медицина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Нобелова награда за физиологија или медицина (шведски: Nobelpriset i fysiologi eller medicin) — годишна награда што ја доделува Кралската академија на науките на научници од различни области на медицината. Таа е една од петте Нобелови награди што ја основал во 1895 година пронаоѓачот на динамитот, шведскиот физичар Алфред Нобел (1833 - 1896). Останатите награди се: Нобелова награда за физика, Нобелова награда за хемија, Нобелова награда за литература, Нобелова награда за мир и Нобелова награда за економија.[1]
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Според тестаментот на Нобел, наградата се исплатува од средствата на фондацијата „Нобел“, а ја доделува комитет од пет члена кои ги избира Кралската академија на науките.[2] Првата Нобелова награда за медицина е доделена во 1901 година на Емил Адолф вон Бехринг, од Германија.
Секој добитник добива медал, диплома и парична награда која не е иста секоја година.[3] Во 2008 година, тројцата добитници поделиле парична награда од десет милиони шведски круни, (малку повеќе од 1 милион €, или 1,4 милиони американски долари.
Наградата се доделува во Стокхолм на годишна церемонија на 10 декември, годишница од смртта на Нобел.[4]