Нојверк
From Wikipedia, the free encyclopedia
Нојверк (герм. Neuwerk) — остров во Ваденското Море на германскиот северен брег и истоимен кварт на градот Хамбург, Германија, во округот Хамбург-Мите. Се наоѓа северозападно од Куксхафен, помеѓу делтите на Везер и Елба, оддалеченоста од центарот на Хамбург е 120 километри. Зафаќа површина од 3 км2 и има 39 жители.
Кратки факти Географија, Место ...
Нојверк | |
Географија | |
---|---|
Место | Северно Море, Устие на Елба |
Површина | 3 км2 |
Управување | |
Германија | |
Покраина | Хамбург |
Округ | Хамбург-Мите |
Демографија | |
Население | 39 ((2007-12-31)) |
Густина | 13 /km2 (34 /sq mi) |
Затвори
Во текот на ниска плима на островото може да се стигне пешки или со коњ од Куксхафен, во други времиња со брод.
Помалите острови Шархерн и Нигехерн близу Нојверк се резервати за птици, затворени за јавноста. Сите три острови и Ваденското Море околу нив, го создаваат Национален парк Ваденско Море (Хамбург).