Елба
From Wikipedia, the free encyclopedia
Елба (германски: Elbe, долногермански: Elv) или Лаба (чешки: Labe) — една од најголемите реки во Средна Европа. Извира од планините Крконоши во северозападна Чешка, па потоа да пропатува низ регионот Чешка (Чешка Република), потоа Германија и да влее во Северното Море кај Куксхафен, 110 км северозападно од Хамбург. Нејзината вкупна должина е 1.094 км.[1]
- Не е исто што и италијанскиот остров Елба.
Елба | |
чешки: Labe, германски: Elbe, долногермански: Ilv | |
река | |
Елба (Лаба) во близина на Дечин, Чешка | |
Земји | Чешка, Германија |
---|---|
Региони | Краловохрадечки, Пардубички крај, Средночешки крај, Устечки, Саксонија, Саксонија-Анхалт, Бранденбург, Долна Саксонија, Мекленбург-Западна Померанија, Хамбург, Шлезвиг-Холштајн |
Притоки | |
- леви | В’лтава, Охрже, Мулде, Зале, Оре, Илменау, Луе, Осте |
- десни | Јизера, Шварце Елстер, Хафел, Елде, Биле, Алстер |
Градови | Пардубице, Усти на Лаба, Дрезден, Мајсен, Витенберг, Десау, Магдебург, Хамбург, Штаде, Куксхафен |
Извор | Бела Лаба |
- место | Крконоши, Чешка |
- височина | 1.386 м |
- координати | 50°46′32.59″N 15°32′10.14″E |
Утока | Северно Море |
- височина | 0 м |
- координати | 53°55′20″N 8°43′20″E |
Должина | 1.091 км |
Слив | 148.268 км2 |
Истек | во речна делта |
- просечен | 711 м3/с |
- максимален | 1.232 м3/с |
- минимален | 493 м3/с |
Истек на др. места (просечен) | |
- Дечин | 303 м3/с |
Слив на Елба
| |
Притоките на Елба и нивниот дотур
|
Најголемите притоки на Елба се: В’лтава, Зале, Хафел, Мулде, Шварце Елстер и Оре.[1]
Сливот на реката Елба се состои од Елба и нејзините притоки, има сливно подрачје од 1.482 км2, четврто најголемо во Европа. Сливот спојува четири држави, со нејзиниот најголем дел во Германија (65,5%) и Чешка (33,7%). Многу мали делови се протегаат во Австрија (0,6%) и Полска (0,2%). Сливот е населен од 24,5 милиони луѓе.[1]