Охос дел Саладо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Охос дел Саладо (шпански: Ojos del Salado) — стратовулкан на Андите кој се наоѓа на границата помеѓу Аргентина и Чиле. Охос дел Саладо е највисокиот активен вулкан во светот со 6.893 метри (22.615 стапки). Охос дел Саладо е исто така втора највисока планина во западната полутопка и јужната полутопка. Се наоѓа на околу 600 километри северно од Аконкагва, највисока планина во западната полутопка на 6.961 метри (22.838 стапки).
Охос дел Саладо | |
---|---|
. | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 6893 м [1] |
Истакнатост | 3688 м [1] |
Координати | 27°06′35″S 68°32′29″W |
Географија | |
Место | Аргентина–Чиле |
Матичен венец | Анди |
Топокарта | Највсока планина: Највсока планина во Чиле |
Геологија | |
Вид | стратовулкан |
Последен избув | 700 ± 300 години[2] |
Искачување | |
Прво освојување | 26 февруари 1937 од Јан Алфред Шчепански и Јустин Војснис |
Најлесен пат | Искачување |
Поради својата локација во близина на пустината Атакама, планината има суви услови со снежни покривки кои обично остануваат само на врвот во текот на зимата, иако тешките бури можат да ја покријат околината со неколку метри на снег дури и во лето. И покрај генерално сувите услови, постои постојано кратерско езеро со пречник од околу 100 метри (330 стапки) на надморска височина од 6,390 метри (20,960 стапки) на источната страна на планината[3]. Ова е најверојатно највисокото езеро од секаков вид во светот.[4][5]
„Освојувањето“ на Охос дел Саладо најчесто оди преку качување, освен за последниот дел од врвот што е тежок и што може да бара јажиња. Првото искачување било направено во 1937 година од страна на Јан Алфред Шчепански и Јустин Војснис, членови на полската експедиција во Андите.[6]
Неговото име, што значи „солени очи“ на шпански, доаѓа од огромните депозити на сол кои во облик на лагуни кои се појавуваат во неговите ледници.[7]