Природен резерват Курил
природен резерват во Русија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Природен резерват Курил (руски: Курильский заповедник) — руски строг еколошки резерват кој ги опфаќа северните и јужните делови на островот Кунашир, најголемиот и најјужниот остров од Курилскиот архипелаг, кои се протегаат помеѓу островот Хокаидо во Јапонија до полуостровот Камчатка на крајниот источен крај на Русија. Опфаќа и два помали острови во близина на југоисток. Областа е една од најголемите места за зимување на крајбрежните морски птици. Резерватот се наоѓа на тектонски нестабилна локација и е еден од двата руски национални резервати (со природен резерват Кроноцки) кој штити територијата со активни вулкани. Резерватот се наоѓа во областа Јужно-Курилскиот дистрикт на Сахалинската област. Резерватот е создаден во 1984 година, и зафаќа површина од 65.364 ха.[1][2]
Природен резерват Курил | |
---|---|
руски: Курильский заповедник | |
МСЗП — Категорија Ia (строг природен резерват) | |
Топло минерално езеро во калдерата Головнин на островот Кунашир | |
Место | Сахалинска област |
Најблизок град | Јужно-Курилск |
Координати | 45°5′0″N 145°59′0″E |
Површина | 65.364 ха |
Воспоставен(а) | 1984 (1984) |
Управно тело | Министерство за природни ресурис и околина на Русија |
Мрежна страница | kurilskiy.ru |