Сатана
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сатаната (хебрејски: שָּׂטָן = „непријател“ или „противник“;[1] арап. شيطان = „заведе“, „далечни“ или „ѓаволот“) е карактер кој се појавува во Аврамските религии и којшто носи злоба и искушение, а исто така е познат како измамник кој ги води луѓето по погрешен пат. Некои религиски групи веруваат дека тој прво бил ангел кој паднал поради неговата гордост, дека ги заведувал луѓето во лаги и гревови, и дека ја има власта во пеколот. Во хебрејската Библија и во Новиот завет, Сатаната е обвинител и спротивник, злонамерен ентитет, исто така наречен и ѓавол, кој има лоши одлики. Иако сатаната е главно перципиран како негативен лик, некои групи имаат различни верувања. Во теистичкиот сатанизам, Сатаната се смета за божество кое или е обжувано или почитувано.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |